Свет

Наместо вакцина против ковид-19, добиле вакцина со вода – две лица уапсени, „докторот“ во бегство

Лошото снабдување со вакцини против ковид-19, невештата организација и големите редици во центрите за вакцинација се плодна почва за измама во сиромашните земји.

Доказ за ова се и жителите на Уганда кои платиле но наместо вакцина против коронавирусот, добиле вакцина со обична вода.

Се работи за најмалку 800 лица се вакцинирани со лажна вакцина КОВИД-19 продадена во Уганда од група измамници.

Тамошните власти известиле дека лажната вакцина содржи повеќе или помалку чиста вода, а на жртвите им било препорачано да се вакцинираат легално и бесплатно.

Инаку, групата измамници кои ги продавале овие вакцини се состои од две медицински сестри и уште едно лице кое се претставувало како доктор.

Медицинските сестри се сега веќе уапсени, додека пак „докторот“ е во бегство.

Според запленетите документи може да се заклучи дека 812 лица примиле лажна вакцина.

Инаку, за време на апсењето, запленети се и фалсификувани шишиња со вакцини многу слични на оние на АстраЗенека, па затоа властите на Уганда испратиле неколку шишенца во Индија на увид, а за возврат добиле одговор дека шишенцата не се произведени кај нив и дека наведениот институт нема никаква врска со сомнителните вакцини што се дистрибуираат во Уганда.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни