Во нападот на бегалскиот камп Лода во провинцијата Итури во источниот дел на Демократска Република Конго загинаа 14 деца.
Според извештаите на националните медиуми во Демократска Република Конго, членови на бунтовничката група наречена Алијанса за развој на Конго ноќе го нападнале бегалскиот камп Лода во градот Џугу во провинцијата Итури.
Во нападот животот го загубија 14 деца и еден војник.
7 лица повредени во нападот се згрижени во болниците во регионот.
Пред 2 дена имаше напад.
Членовите на КОДЕКО пред 2 дена го нападнаа рудникот за злато во истиот регион при што загинаа 52 цивили.
Се проценува дека илјадници цивили загинале од 2014 година во нападите на КОДЕКО, која дејствува на истокот на земјата.
Источниот дел на КДЦ, каде што се наоѓа границата со Руанда, Уганда и Бурунди, е место на напади и судири на вооружени групи кои веќе 20 години се обидуваат да ги контролираат рудниците како злато и кобалт.
