Свет

Напад со нож во Хаифа, еден мртов и еден повреден

Напад со нож во Хаифа, еден мртов и еден повреден

Во напад со нож во Хаифа на северот на Израел загина едно лице, а неколку се повредени, соопштија израелските служби за итни случаи.

Полицијата соопшти дека станува збор за „терористички напад“ во кој напаѓачот бил неутрализиран, пренесе АФП.

Маген Дејвид Адом, израелскиот еквивалент на Црвениот крст, рече дека една од жртвите починала од раните откако првично објави дека „пет лица се повредени, од кои едно во критична состојба, три потешко и еден загинат“.

Според полицијата, нападот се случил на една од автобуските станици во градот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни