Пет лица од Врање се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело илегално преминување граница и криумчарење луѓе.
С.С.(57) од Прешево, Д.Д.(35), Д.Н.(46), И.Т.(44) и И.С.(38) од Врање се приведени, а против педесет и шестгодишен врањечанец ќе биде поднесена кривична пријава за истото кривично дело во редовна постапка.
Тие се осомничени дека како членови на криминална група го олесниле илегалниот транзит преку Србија до Белград, Врбас, Сомбор и Суботица на повеќе од 50 мигранти, со цел нивно илегално преминување на границата со Хрватска и Унгарија.
При претрес на станови и други простории на пријавените пронајдени и одземени се поголема сума странски пари, три автомобили, осум мобилни телефони, додека во куќата на И.Т. пронајдени се 22 куршуми, па тој е осомничен и за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.
Акцијата ја спроведоа припадници на полициската управа во Врање, во соработка со припадници на Службата за борба против организиран криминал, Регионалниот граничен полициски центар за Северна Македонија и Жандармеријата.
На С.С., Д.Д., Д.Н., И.Т. и И.С. им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени кај обвинителот на Вишото јавно обвинителство Врање.