Проектите „Направи сам“ се совршен начин да се опуштите малку, да направите нешто креативно со свои раце во кое ќе уживате вие и вашето семејство.
Минимализмот навлезе во сите пори на нашето општество и можете да го примените слоганот ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ на новогодишните украси.
Затоа ви носиме прекрасен туторијал за правење прекрасни украси за елка кои се направени од корпи за мафини, а чинат цело богатство во продавниците.
За да ги направите овие украси потребни ви се бели корпи за мафини, обичен тенок канап и лепак.
Погледнете го ова кратко и инспиративно видео и обидете се да направите прекрасни украси за вашата елка.
