Заменик раководителот на НАСА, Томас Зурбухен истакна дека ниту еден од астероидите, кои им се познати на научниците, не се закана за судир со Земјата следниве сто години.
Тој додава дека НАСА планира да го лансира вселенското летало „ДАРТ“ кон астероидот Диморф, односно ова минијатурното вселенско летало ќе удри во астероидот со цел да ја тестира технологијата за заштита на Земјата од можен иден судир со астероид.
„Бидете уверени дека овој астероид не е и нема да биде закана (за Земјата). Ниту еден од објектите што ги знаеме денес не претставува закана следните сто години“, посочува тој.
Зурбухен нагласува дека научниците знаат за само околу 40 отсто од релативно блиските вселенски тела кои се поголеми од 140 метри во ширина.
Судирот на леталото со астероидот е предвиден за септември-октомври следната година.
