Македонија

Насер Зибери: Политичките амбиции на Албанците се големи, па и премиер Албанец

Насер Зибери вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Беше кандидат за првиот премиер Албанец на ДУИ, а денеска е избран за Народен правобранител.

Зибери вели дека политичките амбиции на Албанците не завршуваат со отворање на Униветрзитет на албански јазик, со избор на претседател на Собрание или со министер за надворешни работи.

„Ние треба да имаме и премиер Албанец. Тоа не е неостварливо. Не е важно дали ќе бидам јас или друг, но добра порака за соживот е да има во иднина премиер Албанец, и тоа ќе биде“, напомена Зибери кој додаде дека ова прашање и натаму не е затворено.

„Јас бев кандидат, утре може да биде некој друг“, рече Зибери.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни