Наскоро нов хируршки ургентен центар во кумановската болница

Комплетно нов објект на хируршкиот Ургентен центар во Куманово, наскоро ќе биде пуштен во употреба. Деновиве се привршуваат градежните зафати, а во Општа болница Куманово ќе бидат сместени итната хируршка амбуланта, ортопедска, анестезиолошка амбуланта, компјутерска томографија и ЕХО дијагностика.

Објектот е изграден од темел, со поддршка од Министерството за здравство и Проектната единица за обнова и реконструкција.

Од оваа инвестиција придобивка ќе имаат над 30.000 пациенти кои на годишно ниво гравитираат во Ургентниот центар, со посебен акцент на хирургија, урологија и ортопедија.

„Претходно бевме сместени во подрумски простории, често поплавувани, без природно светло, додека со новиот простор се добива повеќе од 90 отсто поголем простор со новиот хируршки ургентен центар. Хируршкото одделение е секогаш најударно, и едно од најактивните одделенија каде најчесто доаѓаат итни случаи“, потенцира д-р Методија Димковски, началник на одделот за хирургија во кумановската болница, кој во оваа болница има 39-годишно работно искуство.

Извор: ТВ21