Македонија

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен

Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал од годинава умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во однос истото тримесечје од 2021.

Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 468 бракови, и нивниот број е помал за 8.4 % во споредба со  истиот период од 2021 година.

Во истиот период добиени се 459 извештаи за разведени бракови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни