Наташа Беквалац на својот Инстаграм профил сподели фотографија од својата помала ќерка Катја, која загрижи многумина.
Имено, девојчето има маска за инхалација преку лицето, а бидејќи е многу добра и не ја допира, Наташа гордо го покажа тоа.

„Во ред, ја имам најдобрата ќерка на светот“, напиша Ната во објавата.
Сепак, многумина се загрижени затоа што не ја знаат причината зошто девојчето има инхалација, но се надеваме дека после тоа ќе биде добро и дека нема повеќе да и треба.
