Македонија

Наточете гориво, од полноќ поскапуваат за 1,5 денари

Од вечерва на полноќ, цените на бензините ќе се зголемат по еден денар, додека цената на дизелот ќе се зголеми за 1,5 денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на максималните цени на горивата, од вечерва на полноќ цените се зголемуваат во просек за 2.57%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по еден денар за литар, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 53.00 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни