Шара да стане национален парк за да се избегне нелегалната сеча на дрвја која се врши, најавува заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој вели дека е жално тоа што се прави на Шар планина.
Од Национални шуми велат дека нема нелегална сеча , туку дрвната маса се наоѓа на Шумско-камионски пат и е наменета за испорака на фирми со кои ова јавно претпријатие соработува, според однапред склучени договори.
Инаку пред неколку дена екипата на ТВ21 беше на терен каде можеше да забележи сеча на шума. И селаните кои живееат во овој дел велат дека се исечени илјадници дрвја. Граѓаните алармираат за неконтролираната сеча. Според нив , во овој планински масив е планирана изградба на хидроцентрала. Од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ повторно најавуваат протест за заштита на Шара.
