НБА ѕвездата Леброн се изнервира од крајот на популарната серија „Squid game“

Леброн Џејмс, како и стотици милиони луѓе ширум светот, одлучи да ја гледа корејската хит серија „Squid game“, и не можеше а да не го искоментира крајот.

Откако Лос Анџелес Лејкерс загубија од Голден Стејт Вориорс (111: 99), првата ѕвезда во НБА лигата одлучи со неговиот соиграч Ентони Дејвис да ја искоментира конечната одлука на главниот лик Ѓи-Хун во последната сцена.

Ако не сте ја гледале серијата до крај, не продолжувајте со читање бидејќи можете да дознаете како завршува.

„Squid Game“ е серија сместена во Сеул, а голем број натпреварувачи (456) се натпреваруваат за живот, но и шанса да ја освојат големата награда од 38 милиони долари. Ако не успеат да поминат една од петте детски игри, казната е смрт.

Во последната сцена од првата сезона, го гледаме Ѓи-Хун, кој треба да влезе во авион со обоена црвена коса откако ја освои наградата. Меѓутоа, наместо да лета во САД кај својата ќерка, тој одлучува повторно да се пријави во играта.

По завршување на прес конференцијата за медиуми, Леброн го повика Дејвис.

„Ја заврши серијата? Готов си?“, праша Леброн, а серијата ја коментираа и американските медиуми.

Откако Дејвис потврди, Леброн истакна дека не му се допаднал крајот.

„Не ми се допадна крајот. Оди ….. да се борис за својата ќерка. Што правиш?“, порача Леброн.

Тој дури и ја критикуваше логиката на главниот јунак и додаде дека требало да биде задоволен со тоа што го заработил.

„Доби 45,6 милијарди. Мислам брате, победи“

Инаку, ова е моментално најгледаната серија на платформата „Нетфликс“ во последните 10 дена, а ја погледнале повеќе од 111 милиони луѓе.