Не е доволна амнестијата за 27 април, бараат намалување на казните за обвинетите во случаите на СЈО

Не им беше доволна амнестијата за 27 април, па парламентарното мнозинство побара измена на Кривичниот законик, со што ќе се намалат казните на обвинетите во случаите на СЈО, кои се во врска со злоупотреба на службената должност. Во текот на целиот ден, пратениците од парламентарното мнозинство се предомислуваа неколку пати за оваа амнестија. Прво предложија промена на член 275 В став три, со кој се планираше намалување на казната затвор од пет на четири години и 353 став 1 во кој зборот “некаква” корист ќе се замени co зборот “имотна” корист, но потоа овој член беше повлечен.

Потоа пратениците ја изгласаа потребата за по кратка постапка да се донесат измените на Кривичниот законик. Без подетално образложение, предлагачот Артан Груби, во име на групата на пратениците предлагачи, побара да се усвои по скратена постапка.

Се вчитува...

Сега предлогот ќе биде разгледан во матичните комисии. За овој закон, опозицијата најаваи дека нема да учествува на дебатата.

Нола Исмаиловска Старова, рече дека овие измени нема да подразбира губење на случаите на СЈО, но не прецизираше дали ова ќе значи намалување на казните или застарување на кривичните дела.

Доколку Собранието ги усвои измените на КЗ, кој е испратен до собраниските служби, од кривично гонење ќе бидат ослободени поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска -Милевска која е  обвинета во случајот „Тендер“ за Скопје 2014, Гордана Јанкуловска , Миле Јанакиевски Тони Јакимовски, Сашо Мијалков,Горан Грујовски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски во  „Трезор„, Владимир Пешевски и Миле Јанакиевски во „Траекторија“.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21