Леа Станковиќ е српска јутјуберка, влогерка и инфлуенсерка која важни за една од најголемите тинејџерски ѕвезди во Србија.
Таа вели дека сето тоа започнало како хоби, а подоцна се претворило во голема популарност.
Како го доживува шоубизнисот и што мисли за влијанието на социјалните мрежи кај помладите генерации, раскажува во емисијата „Пулс Србија“.
„Кога се занимаваш со оваа работа, никако не смее целта да ти бидат парите. Јас знаев дека сакам да се занимавам со јавна работа, но не точно сега. Кога видов дека на луѓето им се допаѓам, продолжив да се трудам. Ништо не беше преку ноќ“, вели таа.

Леа неодамна се најде во центарот на јавниот интерес, кога како кума на венчавката на популарната инфлуенсерка со шпанско потекло, Џени Мартин и актерот Урош Јовчиќ, се појави во необична комбинација.
„Мислам дека не е правилно јас да коментирам толку многу, а не младенците. Имав и прекрасни коментари на мојот пост. Избрав да работам јавна работа, да не го коментираа тој фустан, ќе коментираа нешто друго“ – вели Леа.
„Нормално е тие да коментираат, а што тие коментари се погрешни – погрешни се, но јас бев премногу среќна за таа венчавка “- додава Леа, која објави дека има големи планови за во иднина.
