Група новинари од Крагуевац најавија дека нема да одговорат на поканата на градоначалникот Никола Дашиќ на традиционалниот новогодишен коктел за претставници на медиумите.
Коктелот беше најавен за утревечер во хотелот „Зеленгора“, а новинарите му се „заблагодарија“ на претседателот на привремената управа во Крагуевац, Никола Дашиќ, кого го информираа за својата одлука.
„Со оглед на длабоката криза во која се наоѓа земјата и опасните и драматични настани кои можат да имаат трагични последици, решивме да му се заблагодариме на Дашиќ за поканата… затоа што мислиме дека не е време за коктели, приеми и слични прослави“, рекоа седум новинари..
Тие посочија дека со овој „личен човечки и професионален чин сакаат да се солидаризираат со граѓаните“ кои, како што наведоа, изразуваат незадоволство и сочувство со брутално претепаните и уапсените студенти и претепаните новинари.
