Лорин беше во солзи откако дозна дека по вторпат победила на Евровизија, а во своето обраќање до публиката по наградата јавно им се заблагодари на сите, велејќи дека оваа победа им ја посветува на своите фанови.
Синоќа во Ливерпул се одржа финалето на најголемиот музички натпревар „Евровизија“, а победи претставничката на Шведска, Лорин.
По завршувањето на гласањето и прогласувањето на победникот, Лорин од бекстејџот се проби на големата сцена за да и ја врачат наградата од водителките.
Лорин била целосно покрај себе од среќа откако дознала дека по втор пат победила на овој натпревар, а емоциите ја преплавиле па дури и плачела со солзи од среќа.
Таа им се обрати на сите и истакна дека ова е голема чест за неа, постојано држејќи го пехарот.
– Ви благодарам, ова е за сите вас, ве сакам! – рече Лорин при обраќањето на публиката и на нејзините верни фанови.
Да потсетиме, српскиот претставник на Евровизија Лука Блек настапи со песната „Само ми се спава“, а по гласањето го освои 24. место.
