Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, во сабота наместа поројни и проследени со грмежи. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.