Не престанува да се коментира постот на Џеф Безос за серијата „Squid Game“ – „Ова ме плаши“

Џеф Безос ги пофали ко – основачите и целиот тим на Нетфликс за една од моментално најпопуларните серии во светот – Squid Game.

„Рид Хестингс, Тед Сарандос и тимот на Нетфликс удираа многу често. Нивната меѓународна стратегија не е лесна, и тие ја прават успешна. Импресивна и инспиративна”, напиша Џеф.

„И едвај чекам да ја гледам серијата“, додаде тој.

Корисниците на Твитер почнаа да се шегуваат со објавата на Безос.

„Џеф Безос ќе организира Squid Game во вселената“, „Безос апсолутно би бил ВИП во Squid Game“, „Џф, пријателе … Кој ќе му каже?“, „Ти си играч 001, серијата е за тебе“ , „Види дали е ироничен во оваа објава?“, „Овој пост ме плаши“, се само некои од коментарите.

Инаку, серијата е еден вид критика на капитализмот и приказна за економската нееднаквост, поради што многумина ја коментираа објавата на Безос.