Не сакал да го признае детето, па го пратил братот на ДНК тестирање

Германец од Долна Саксонија не сакал да признае дека е татко на детето, па затоа го испратил својот брат, кој личи на него, на ДНК тестирање, што го побарала мајката на детето, пишува списанието Феникс.

Првиот тест покажал негативен резултат, но мајката на детето не се откажала.

Таа побарала да се повтори тестот, но овој пат сакала да биде присутна на земањето мостри.

Вториот тест покажал дека човекот кој не сакал да признае татковство е всушност татко на едногодишното дете, објави во средата Високиот суд во Олденбург.

Сега, мажот и неговиот брат се во затвор поради обид за измама.