Не се открива датумот кога ќе заседава комисијата која треба да одлучува по имунитетот на Груевски

За сега се уште е непознат датумот кога ќе биде закажана и одржана седницата на Кмисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, каде треба да се одлучува за одземањето на имунитетот на екс премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски вели дека ќе бидат испочитувани роковите и дека Комисијата ќе си ја заврши својата работа.

Откако ќе помини на Комисијата треба да биде ставен на пленарка и со 80 пратеници односно 2/3 мнозинство да биде изгласан предлогот за одземање на имунитетот на пратеникот Никола Груевски.

Дали осумте пратениците кои гласаа ЗА уставните измени ќе поддржат и одземање на имунитетот на Груевски засега е непознато.