Свет

Не стивнува бурата во Иран: Десетици загинати

Не стивнува бурата во Иран: Десетици загинати

Има се повеќе жртви на насилното задушување на демонстрациите во Иран, кои избувнаа откако Махса Амини (22) почина во притвор, откако беше уапсена поради наводно неправилно носење хиџаб. Според последните информации, во судирите со полицијата досега загинале 35 лица.

Гневните граѓани осма ноќ по ред излегоа на улица. Имаше немири во Техеран и другите поголеми градови, вклучувајќи го и Табриз.

На некои од снимките што кружат на социјалните мрежи, може да се види како полицијата пука во невооружени граѓани во северозападните градови Пиранша, Махабад и Урмија.

Во видеото споделено од невладината организација Иран за човекови права со седиште во Осло, се гледа како полицаец пука со автоматска пушка АК-47 кон демонстрантите на булеварот Фердуси во Техеран.

Интернетот исклучен

Исто така, според информациите на Амнести интернешнал, во петокот намерно бил исклучен интернетот за голем број граѓани во Иран, што предизвикува страв дека може да дојде до дополнителна ескалација.

Амнести додава дека според нивните сознанија, полицијата само во средата навечер повредила најмалку 19 лица, меѓу кои најмалку три деца.

Да потсетиме дека Амини почина откако помина три дена во кома. Таа претходно беше уапсена од иранската полиција за морал, која го надгледува спроведувањето на строгите кодекси за облекување за жените.

Активистите тврдат дека таа била погодена во главата додека била во притвор, но тоа не е потврдено од иранските власти кои отвориле истрага.

Во нејзина чест, но и во знак на протест, по смртта на Амина, Иранките почнаа да си ги палат шамиите и симболично да си ја стрижат косата.

Иранскиот министер: Амини не била претепана

Од друга страна, иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди инсистира дека Амини не бил претепан.

Разговарани се сведоци, прегледани снимки, собрани вештачења и утврдено е дека нема тепање“, рече Вахиди.

Министерот додаде дека Иран ја истражува причината за смртта на младата жена и дека „мора да го чекаме конечното мислење на медицинските експерти, за што е потребно време“.

Поради овој случај реагираше и меѓународната заедница, а Соединетите Американски Држави во петокот објавија дека ги олабавуваат извозните ограничувања во Иран, со услов оваа земја да им дава интернет услуги на своите граѓани.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека новите мерки „ќе овозможат да се спротивстави на напорите на иранската влада да ги следи и цензурира своите граѓани“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни