Со часови еден спроти друг и на крај без договор!
И по 7 часа преговори, власта и опозицијата не се договорија за законот за јавно обвинителство.
Денеска следуваа меѓусебни обвинувања меѓу двајцата лидери Заев и Мицкоски дека се обидуваат да ги амнестираат своите криминали.
Премиерот Заев рече на опозицијата и предложиле формирање на ново обвинителство за следење на криминал и висока корупција кое би се избрало на предлог на опозицијата, но, не се договориле бидејќи ВМРО-ДПМНЕ барало ова обвинителство да ги преземе предметите од СЈО.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не потврдува дали побарале предметите на СЈО да преминат кај новото обвинителство.
Двете страни на крајот се договориле дека преговорите треба да продолжат и натаму.