Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ИМ ТРЕБААТ АДВОКАТИ: Одложено судењето за обвинетите за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Денеска имаше втор неуспешен обид за старт на судењето за страшната несреќа во тетовската модуларна болница.

Имено, пред еден месец двајца од обвинетите не дојдоа, а денеска пак истите беа без адвокати затоа што не знаеле дека им се потребни.

Обвинетиот поранешен директор на болницата Артан Етеми и раководителот на ковид центарот, докторот Бобан Вучевски денеска на судијата Јордан Велковски му посочиле дека не знаеле дека им треба застапник за на рочиште.

По ова, истите во рок од 8 дена ќе треба да достават полномошно за ангажиран адвокат, во спротивно судот ќе им определи адвокати по службена должност.

Со своја одбрана пак во судот дојде само обвинетиот Флорин Бесими, тогашен директор на тетовската болница, кој посочи дека е убеден оти доказите кои ќе ги презентира пред судот ќе ја докажат неговата невиност.

Инаку, страшниот пожар се случи минатата година на 8 септември, а загинаа 14 луѓе додека пак неколку беа повредени.

Вештачењето на МВР покажа дека пожарот настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен апарат за реанимација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни