Неда Украден го прослави 71-от роденден – пејачката изгледа како „авион“

Пејачката Неда Украден го прослави својот 71 -ви роденден, а судејќи според одличниот изглед, ретко кој можеше да заклучи дека таа е во осмата деценија од животот.

Украденова го прослави својот прекрасен ден во Црна Гора, каде моментално престојува со семејството и пријателите.

Облечена во прекрасен цикламен фустан, насмеана Неда, во друштво на своите внуци – Неда, Александра и Душан, дувна свеќа со бројот 71 на тортата.Таа го објави видеото на својот Инстаграм профил.

Неда сподели и фотографија со своите придружници, на која е елегантно облечена и држи шампањ во раката.

Еве како изгледа: