Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков на својот Фејсбук профил утринава објави дека денеска е денот „Д“, ден кога започнува синдикалната борба за остварување на својте социјални права, за себе, за семејството, за дејноста, за учениците и родителите, за општеството.
„Да бидеме храбри како што сме, сплотени и единствени и да стасаме што побрзо до посакуваната цел.,, Со ука, наука и култура заедно сме во секоја бура”. Среќно!“, вели Неделков.