Нејасен успехот на учебната година: „Наставниците со хронични болести да останат дома“

Одложувањето на учебната година, кратењето на часовите и измената на школскиот календар иако се надвор од законските одредби, не ја алармираат потребата од законски измени иако не дели еден месец од учебната година.

Образовните власти не гледаат проблем во тоа што во школскиот календар ќе недостига еден месец. Велат дека наставниците и така одат на работа, а во меѓувреме најавуваат и измена на начинот на оценување. Ова подразбира дека доколку учениците следат онлајн настава, оценувањето ќе се реализира во училиште. Се работи и на кратење на наставните програми.

Наставата со физичко присуство ќе можат да ја следат сите училишта кои можат да обезбедат под 20 ученици во една училница со растојание од 2 метра, но што ќе биде со наставниците кои страдаат од хронични болести а ќе држат настава со физичко присуство? Се предлага нивна рокада со колегите или со другите училишта или генерации.

Во меѓувреме, тројца од диркеторите на основните училишта кои беа на средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска, рекоа дека можат да обезбедат настава и со физичко присуство и онлајн настава, бидејќи наставниците завршиле обука за платформи а на учениците можат да им обезбедат технолошки средства.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното