Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД откако рече дека ја прифатил одговорноста за своите постапки. Отониел со години важеше за еден од најопасните нарко босови во светот. Тој беше шеф на картел кој контролираше голем дел од северна Колумбија.
„Им се извинувам на владите на Соединетите Американски Држави и Колумбија и на жртвите на злосторствата што ги направив“, изјави 51-годишниот Отониел преку судски преведувач. Во јануари, тој се изјасни за виновен по обвиненијата за шверц на дрога на високо ниво, признавајќи дека го надгледувал шверцот на тони кокаин во САД.
Американците се договорија да не бараат доживотна затворска казна за да го екстрадираат од Колумбија. Адвокатите се обидоа да го прикажат Отониел како производ на несреќните околности во неговата татковина – човек роден во сиромаштија, опкружен со герилска војна, регрутиран на 16-годишна возраст и закоравен од децениските губење на најблиските.