Некогаш ѕвезда на Гранд, а денес среќно мажена во Турција

Пејачката Мирјана Алексиќ беше учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, а сите ја паметат по тоа што од круг во круг го воодушевуваше жирито, поради што многумина и предвидуваа блескава кариера.

Мирјана со години успеваше да го изгради својот пат до врвот, а потоа пред пет години еден лет и го промени животот од долу нагоре.

Имено, на релација Белград-Истанбул ја запозна љубовта на нејзиниот живот, момче од Аланија со кое доби девојче Маја, пишува Грандонлајн.

Таа на кратко се откажа од пеењето и денес живее на релација Турција-Србија, а своевремено за прв пат јавно го покажа и нејзиниот сопруг.

„Сега Белград е како мојот град и нема разлика меѓу Истанбул и Белград. Навикнат сум да живеам овде, затоа што доаѓам често. Многу ми се допаѓа овде“ – рекол сопругот на Мира.