Балкан

Неколку часа пред почетокот на новото Народно собрание во Бугарија: Формирањето на кабинет останува тешка задача

Неколку часа пред почетокот на новото Народно собрание во Бугарија: Формирањето на кабинет останува тешка задача

Остануваат уште неколку часа до почетокот на 48. Собрание во Бугарија. Во оваа фаза сè уште не е јасно дали ќе се состави редовна влада. Пред тоа, пак, пратениците ќе треба да го изберат претседателот на Народното собрание, а веќе има четворица предложени.

Изборите ќе одредат и какви се можностите за обезбедување мнозинство кое евентуално би можело да поддржи влада. Сепак, според сите, ова нема да биде лесна задача.

„Нема смисла да се обидуваме да формираме влада која нема да биде поддржана, потоа втората партија да се обидува, а потоа да се залажуваме со евентуален трет мандат. Штом првите две партии не можат да преземат одговорност, нема шанси да има стабилност. “, смета лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

„Престижно е секоја партија да има предлог за претседател. Јас сум оптимист дека тој ќе биде избран, но сите сигнали упатуваат на 49. Народно собрание“, коментира Манол Генов од БСП.

Се помали се шансите за коалицирање на првата и втората политичка сила. Иако ваквата опција се појави по говорот на Кирил Ананиев од ГЕРБ, лидерот Бојко Борисов отфрли опција со која партијата ќе поддржи влада со мандат „Продолжуваме со промените“.

Но, Борисов повторно потврди дека се подготвени на компромиси во името на државата. Но, и најпосакуваниот партнер на ГЕРБ – „Демократска Бугарија“ не дава индикации за заедничка коалиција

Од ДБ се категорични дека ќе го поддржат Никола Минчев за претседател на Собранието и нема да имаат свој кандидат. А од „Бугарски Вожод“ сметаат дека претседавачот со Народното собрание треба да го предложи најголемата парламентарна сила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни