Неколку пратеници на ВМРО ДПМНЕ се за уставни измени, но бараат исполнување на неколку услови

Група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека го прифаќаат предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени, меѓутоа под одредени услови.

„Со верба во Македонија и нејзината иднина“, е насловот на соопштнието кое ги испратија неколку пратеници на ВМРО ДПМНЕ.

„Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет, исто така бараме уставен амандман што ќе се важи ако Грција не го ратификува договорот за промена на името, што ќе значи безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа.“, се вели во соопштението.

Исто така се бара името за внатрешна употреба да се менува постепено, во зависност од реализацијата на членство на државата во ЕУ и НАТО. Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април, и основање на собраниско тело со план за национално помирување.

Групата пратеници испратено непосредно пред почетокот на собраниската седница на која се изгласаа уставните измени.

Извор: ТВ21