Нелегално финансирање на изборна кампања – пет партии го прекршиле Законот, се чека извештај од ДЗР

Неколку политичките партии во текот на последните парламентарни избори на нерегуларен начин ја финансирале изборната кампања, велат од Државната комисија за спречување на корупција.

Политичките партии овој пат ги искористиле дупките во правните норми со цел да не носат одговорност. Членот на ДКСК, Катица Николовска не сакаше да открие за кои партии станува збор, само рече дека тоа треба да го потврди Државниот завод за ревизија.

Николовска исто така рече дека вкупно 5 партии го прекршиле Изборниот законик, од кои има и мали и големи политички партии.

За да се спречи ова појава, Антикорупциска предложи нови одредби во Изборниот законик, но тие не се прифатени.

Од 15 политички партии, само 7 партии доставиле финансиски извештај, а рокот за доставување е 25 октомври.

.

Извор: ТВ21