Интерпартиската парламентарната група за реформи, интеграција и помирување го одобри нацрт-предлог законот за амнестија, кој треба да биде изгласан по скратена постапка. ТВ21 дојде до текстот на законот со кој треба да се амнестираат неколкумина од осомничените за настаните од 27 април, минатата година во Собрание.
„Основната цел на Предлог-законот е амнестија на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година , со цел помирување преку надминување на поделбите во општеството кои произлегуваат или се во врска со инцидентот во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, а сето ова како процес за интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО , системските реформи согласно Европската агенда“.
Меѓутоа се нагласува дека амнестија нема да има за организаторите, напаѓачите и вооружените лица, за настаните од 27 април . Ова го изјави и Фросина Ременски, која рече дека судот ќе одлучи кој ќе биде амнестиран а кој не.
Фросина Ременски исто така рече дека работната група за помирување, нема за цел да се вмеша во работата на судството, и дека нема да има никаков вид на ограничување во работата на судството и обвинителството.
Независната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, истакна дека Законот за амнестија ќе има обврзувачко дејство за сите органи во државата.
Сите обвинети за насилството во македонското Собрание, имаат прав во рок од пет дена по усвојувањето на законот, да испратат индивидуално барање за амнестија, а судот и јавното обвинителство ќе донесат одлука дали им следи амнестија или не.
Репортер: Зимер Јашари
