Според информации до кои дојде 4NEWS, куферот оставен пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ е празен и не содржи бомба.
Инаку, поради сомнителниот куфер, кој бил оставен пред зградата, беа евакуирани сите околни згради. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во 12:55 часот лице од обезбедувањето на ЈПДП пријавило дека на видео надзор биле забележани две лица кои го разгледувале просторот пред канцелариите, а едно од нив оставило куфер.
Пред зградата во моментов има голем број евакуирани луѓе, а полициски екипи ја обезбедуваат околината. Вработените од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кое се наоѓа веднаш до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека веднаш им било наредено да ја напуштат зградата поради закана.