Нема да има полициски час, потврдени нови 87 случаи на Ковид-19 од 867 тестирања

Нема да има полициски час. Владата не ја прифати препораката на Комизијата за заразни болести, која предлагаше во општините каде расте бројот на заразени да има забрана за движење од 22 часот до 5 часот следниот ден. Предлогот за воведување полициски час, министерот за здравство ќе го врати повторно до Комисијата за заразни болести.

За воведување на нов полициски час, претходно се изјаснија и градоначалниците на Тетово, Куманово и Скопје.

„Мислам дека во Тетово, но не само Тетово кога станува збор за резултатите, зборуваме и за 5 околни општини, зборуваме за доста динамичен регион со многу движење, што носи и ризици, меѓутоа мислам дека мерките треба да се одат кон олеснување, а треба и заедно да работиме за подигање на свеста на граѓаните“, рече Арифи.

„Сметам дека имаме мал број на тестирани и поради тоа има мал број на тестирани. Со оглед на тоа дека информациите ги добиваме од страна на епидемиолозите сметам дека во Куманово не треба да има полициски час, а комисијата треба да обрне внимание на барањата кои што излегуваат од општинскиот штаб за заштита и спасување.“, вели Димитриевски.

„За некои прашања особено стручни немаме право на дебата, туку едноставмо мораме да слушаме. Тука моето мислење е лаичко без разлика на тоа што јас сум градоначалник, но кога е во прашање медицината, епидемијата, ковид 19, тоа се процеси од кој светот учи“, изјави Шилегов.

Во земјава и натаму има голем број заболени од Ковид-19. Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи. Скопје и неговите општини повторно со најголем број, вкупно 41, следува Штип со 16, потоа Куманово 12, Тетово 10, Пробиштип 4, два во Охрид и по еден во Гостивар и Струга. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти. Во Градската општа болница „8 Септември“ има петнаесет медицински лица заразени од КОВИД-19. Поради контакт со нив, во изолација се уште 10 лица. Воедно едно заразено лице има и во општинските простории на Град Скопје, поради кое во изолација се пуштени вкупно 28 лица.

Вкупната бројка на дијагностицирани од појавата на епидемијата во нашата земја изнесува 3239.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното