Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот и денешниот
ден вакцинирани се вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови
потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане
Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари 2019 година, ќе работат во две смени, во
периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие
пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот.
Се вчитува...
Следното известување за актуелната состојба со морбили (мали сипаници) ќе
следува утре (05.01.2019 година во 13:00 часот.
