Балкан

Нема опасност за хоспитализираните по несреќата во Пирот

Нема опасност за хоспитализираните по несреќата во Пирот

Над 50 лица се хоспитализирани во болниците во Ниш и Пирот со симптоми на труење со амонијак, но никој од нив не е опасен по живот, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на последните информации од болниците. Едно лице почина, но нема потврда дека причината за неговата смрт е труење со амонијак, јави државната телевизија РТС.

Полицијата ги повика локалните граѓани да не ги напуштаат своите домови и да не излегуваат надвор. Училиштата, градинките и институциите денеска се затворени.

Во Пирот е прогласена вонредна состојба. Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ свика итна прес-конференција и објасни дека вонредната состојба е прогласена во моментот кога отровниот облак се надвиснал над градот поради ветерот што дувал кон Пирот. Тој рече дека 20 вагони се полни со амонијак, а еден или два излетале од шините и истекувале амонијак.

Цистерна падна во реката Нишава и се очекува тоа да има последици по флората и фауната. Од реакцијата на амонијакот со водата се создава густ чад и засега тешко се приближува до локацијата.

Пристапот до местото на несреќата е затворен во пречник од четири километри.

Во прекин е и железничкиот сообраќај, како и сообраќајот на магистралниот пат меѓу Пирот и Бела Паланка поради димната завеса и слабата видливост. Поради лошата видливост на овој дел од автопатот се судрија неколку автомобили.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни