Балкан

Нема повлекување од Отворен Балкан, Рама утре оди во Белград

Премиерот на Албанија, Еди Рама утре ќе биде присутен во Белград на следните средби за „Отворен Балкан“ кои се очекуваат да се одржат на 3 и 4 ноември.

Од кабинетот на премиерот за Еуроњуз Албанија потврдија дека нема промена во планот за утрешната средба, по оставката на Зоран Заев од премиерската функција на Северна Македонија.

Се очекува утре во Белград да присуствува и претставник на владата на Северна Македонија.

Еден ден претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ го доведе во прашање спроведувањето на средбите во Белград, откако во објава на Фејсбук рече: Силна поддршка за „Отворен Балкан“. „Дали да одржиме или одложиме средба во Белград со оглед на настаните во Скопје?

„Отворен Балкан“ е иницијатива меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија. Порано позната како балкански мини-шенген, иницијативата предизвика дебата меѓу балканските земји, при што Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина одбија да се ангажираат.

На крајот на јули, лидерите Рама, Заев и Вучиќ потпишаа 3 договори:

Меморандум за разбирање за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

Договор за соработка за заштита од катастрофи и спасување во Западен Балкан.

Меморандум за движење на пазарот на труд во регионот, во однос на дозволата за привремен престој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни