Никој не е повреден, а евакуирани се гостите откако доцна вечерва, пожар избувна среде свадба по познатиот угостителски објект „Разгуза 360“ во центарот на Скопје.
Разговаравме со дел од пожарникарите кои го локализираа пожарот велат дека евакуирани се гости, а пожарот избувнал во ресторанот.
Причините поради кои избувнал пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Инаку ресторанот најчесто се користи за свадби, а се наоѓа на врвот од катната гаража за во која се чека повеќе од два месеца за добивање на месечна карта за паркинг, поради големиот интерес.