Многу наскоро оние кои вршат „монотона работа“ како што се сметководителите можат да бидат заменети, смета Џорџ Хелд, директор за дигитални производи на групацијата „Веон“, Џорџ Хелд.
„Да ги научиш и заменуваш луѓето од „најниските професии“ со робот е речиси невозможно. Поставување маса, уредувањето на приборот за јадење и чашите – од гледна точка на вештачката интелигенција е многу тешко да се направи. Луѓето со креативни професии кои ја создаваат иднината исто така нема да бидат заменети со роботи. Но, сметководителите, многу брзо ќе бидат потиснати од роботи и ќе треба да се преквалификуваат во некоја од пониските или покреативните професии“, вели тој.
Хелд посочува и дека покрај развојот на технологијата, човештвото воопшто, нема да ја загуби својата работа.
„Никогаш нема да дојде до тоа – човештвото да нема што да прави. Луѓето секогаш ќе работат нешто, само што ќе се занимаваат со сѐ повеќе и понови технологии“, истакнува технолошкиот стручњак.
