Нема веќе вработувања преку Охридскиот рамковен договор, како ќе се постигнат 25% во Администрација?

Последниот извештај на Министерството за администрација, објавен во месец март, покажува дека во јавниот сектор има околу 130 илјади вработени. Бројот на вработени Албанци и другите етнички заедници, во јавниот сектор изнесува 19,5%, додека според Рамковниот договор треба да изнесува 25%. Во оваа бројка учествуваат и тие кои се уште земаат плата, а седат дома.

Министерот за администрација и информатичко општество исто така, ден претходно информираше дека во 2019 година нема да има вработувања преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Доколку е така, тогаш како ќе се постигне застапеноста од 25% на Албанците и другите етнички заедници во земјава според Рамковниот договор? Државниот секретар во Министерството за администрација, Јахи Јахиу, вели дека тоа ќе го прави секоја институција одделно, при што ќе се мери балансот на вработувањата и според етничката припадност.

Се вчитува...

„Ова е вистина, бидејќи во 2015 година донесовме регулатива која предвидува секоја институција, индивидуално да реализира соодветна застапеност на етничките групи во Македонија и овој процес е предвиден со закон, и можете слободно да погледнете на сајтот на агенцијата за администрација каде е пишано дека треба да биде Албанец, Турчин, Македонец, и тоа функционира“, изјави Јахи Јахиу, државен секретар во МИОА.

Се разгледува дали постојат евентуални законски недостатоци во овој процес и доколку е потребно ќе има корекции, вели Јахиу. Но, кога овие 19,5% ќе ги достигнат предвидените 25%?

„Реално, не можам да предвидам, може да има одредена методологија која предвидува пораст на процентот, бидејќи во јавниот сектор зависи дали има потреба, бидејќи луѓе си одат, колку луѓе заминуваат во пензија и колку влегуваат. Ние сега имаме два проблеми, од една страна не критикуваат дека јавниот сектор се полни без потреба, од друга страна имаме критики дека застапеноста не е во пораст, ова се две работи кои се спротивни една на друга, размислуваме за сето тоа, и сметам дека оваа работа ќе се среди“, додад Јахиу.

Професорот за јавна администрација, Аргетим Салиу вели дека во неколку јавни институции заостанува предвидената застапеност според Рамковниот договор.

„Да не одиме подалеку од кабинетот на Претседателот, на Премиерот, Министерството за финансии, Народна Банка, итн., тоа се неколку клучни институции каде нивото на процентуална застапеност на Албанците не е повеќе од 3-4%“, изјави Аргетим Салиу, универзитетски професор.

Причината за ова Салиу не ја гледа во немањето доволно кадар, туку во немањето политичка волја да се вработат Албанци во некои институции. На крајот, покрај реформите во јавната администрација, министерот Манчевски исто така најави укинување и реорганизација на неколку институции, што се очекува да ги засегне и вработените во тие институции. Овие лица ќе бидат преместени во друга институција, или ќе им биде понуден приватен сектор. Дколку не им се најде место во ниту еден од овие сектори, ќе им биде раскинат договорот за работа.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21