Откажаните летови оставија стотици заглавени на Малдивите. Причината – нивните повратни летови преку Дубаи, Доха или Шарџа се откажани поради конфликтот на Блискиот Исток.
Некои од заглавените сигнализираат дека се соочуваат со сериозни тешкотии поради неочекувани трошоци за нивниот престој. На Малдивите нема воена состојба или вонредна состојба. Сепак, властите ја следат ситуацијата на Блискиот Исток, но се фокусираат на економските ризици.
Темата предизвика мешани мислења на интернет. Некои изразија сочувство и разбирање за непредвидената ситуација, додека други замислуваа „одмор финансиран од државата“ во луксузен одморалиште.
