Немири пред Собранието, а Вучиќ на Инстаграм си објави фотографија како јаде јаболка

Неколку минути пред полицијата да ги растера демонстрантите кои протестираа пред градското собрание на Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија на Инстаграм како јаде јаболка.

„Моменти на одмор во претседателската функција. Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднина за нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на своето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на државата, повикувам на воздржаност, но и недвосмислено спасување на државата. Нашата Србија. Еден и единствен“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот на будуќностсрбијеав.

Да потсетиме, околу 22:00 часот полицијата ги растера насобраните граѓани пред Стариот суд, односно Градското собрание на Белград, кое се наоѓа веднаш до Претседателството на Србија, и преку улицата од старата зграда на Собранието, каде Се одржуваат седници на РИК, а српските пратеници штрајкуваат со глад против насилството.