Македонија

Ненормално високи температури, доаѓа голема промена на времето, еве кога…

Ненормално високи температури, доаѓа голема промена на времето, еве кога…

Продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела и во недела наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје значително облачно со умерен југоисточен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни