Необична православна церемонија во Париз: Откако доби руско државјанство, Жерар ја смени и верата

Жерар Депардје (71) има руско државјанство од 2013 година, а во петокот, 4 септември 2020 година, се преобрати во православие за време на свечената церемонија што се одржа во Руската црква „Александар Невски“ во Париз.

Ова крштевање се случи во присуство на тесен круг составен од триесетина луѓе. Како и обично, Депардје го внесе својот личен допир, внесувајќи малку повеќе живот од вообичаеното за време на оваа верска церемонија, „со живи и понекогаш каприциозни гестови, невообичаени на православна церемонија“.

Тој еднаш рече дека се уште ја сака својата земја безусловно, но не може да негира дека „се е лошо“ во Франција и дека луѓето таму се помалку среќни отколку во Русија. Тој, исто така, рече дека е подготвен да умре за Русија.