Импресивниот обид да се украде храна од кујнскиот пулт стана вирален.
Сопственичката на златниот ретривер, Бек, го снимила своето куче како одлучува да го земе садот со храна.
Кучето стои на задните нозе и со шепите посегнува по пластичните садови до микробрановата печка во која се наоѓа храната. Успева да фати храна, прилично сигурен дека неговиот план успеал.
За жал, беше фатен.
„Неверојатно“, вели жената што снима, додека кучето стои со сад во забите пред неа, со надеж дека ќе се извади некако.
„Што мислиш, што правиш?“ го праша, а на кучето изразот му се смени. Тој веќе не е возбуден, туку искрено се кае и гледа во подот.
Крадецот, на крај, го прифаќа поразот и го спушта садот на подот.
Caught ya 🤣🤣 pic.twitter.com/Z39TVM5yWN
— Rebecca (@beckx28) October 14, 2021
