Македонија

Неработни денови во 2022 година

И кога станува збор за продолжените викенди, календарот баш и не ни е погоден.

Една добра спојка ќе има за Божиќ. Четврток Бадник е неработен ден, потоа Петок е Божиќ заедно со викендот тоа ќе бидат добри 4 дена. За Велигден секогаш има споени денови па тоа нема да го земаме предвид.

За мајските празници ќе имаме еден продолжен викенд бидејќи 2 мај ќе биде неработен а тоа е понеделник.

Следниот продолжен викенд ќе ни биде за Денот на ВМРО на 23 октомври кој се паѓа во недела, а како државен празник, нема да се работи и понеделникот.

Согласно со Законот за празниците на Македонија во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани
• 01 јануари (сабота), Нова Година,
• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (вторник), Ден на Републиката,
• 8 септември (четврток), Ден на независноста,
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),
• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 17 Април (недела), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни