Нерасчистени тротоари и плоштади – граѓаните тешко го избегнуваат лизгањето

Граѓаните чекорат со повеќе внимание од вообичаено и нога пред нога, но сепак лизгањето е неизбежно. Некои граѓани дури и паднаа на мермерните плочи. Плочките на плоштадот ВМРО-ДПМНЕ претставуваат проблем за граѓаните и за нивното слободно и непопречно движење. Оваа госпоѓа вели дека денеска се лизнала двапати и дека стравува да не падне

Имаше и такви кои го расчистуваа плоштадот од снег.

„Оваа линија го дели исчистениот од неисчистениот двор. Како што можете да видите зад мене надлежните луѓе го чистат дворот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна може да се види дека плоштадот е покриен со снег. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој плоштад е под надлежност на општината и дека тие треба да го исчистат“, вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.

Од Град Скопје информираа дека нивните екипи работат интензивно на терен за расчистување на улиците и булеварите. Од таму додаваат дека само ноќеска фрлиле 355 тони сол.

Камерата на ТВ21 успеа да „фати“ неколку сопственици на дуќани кои ги чистат нивните дворови кои се наоѓаат на скопските плоштади. Улицата „Македонија“, како и други делови од плоштадот и понатаму не се исчистени.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21