Свет

Несреќа со балон во Швајцарија, има повредени

Несреќа со балон во Швајцарија, има повредени

Седум лица се повредени кога вчера се запали балон со топол воздух по полетувањето во централна Швајцарија, јави Асошиетед прес, повикувајќи се на соопштение на локалните власти.

Властите во швајцарскиот кантон Цуг соопштија дека во корпата на балонот имало седум лица – четири жени и тројца мажи, сите на возраст меѓу 28 и 62 години. Инцидентот се случил во градот Хуненберг, југозападно од Цирих.

Две од жените и еден од мажите се тешко повредени, додека останатите четири лица се здобиле со полесни повреди.

Според локалните власти, повредените биле пренесени во болница од службата за брза помош и од приватни лица.

Причината за инцидентот се уште не е јасна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни