Македонија

Несреќа за време на полициски час во Скопје: Три лица поврдени донесени во болница

Вчера во 01:00 часот додека тралполицискиот час во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ биле донесени С.Б.(37), Ј.К.(32) и Џ.С.(32), сите од село Батинци, скопско, информира МВР. По кажување на С.Б. со повреди се здобиле откако возило, управувано од Ј.К., во кое сопатници биле С.Б. и Џ.С., на бул.„Киро Глигоров“ во скопската населбата Автокоманда, излетало од коловозот.

Од страна на лекар кај С.Б. и Ј.К. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Џ.С. констатирани се повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни